Лазаров: Добро искористени денови, не чека многу работа

Mакедонската сениорска репрезентација, два дена беше гостин во Ниш каде што одигра два меча со селекцијата на Србија. Првиот 26-29, вториот 23-33... Резултатот во рамки на очекуваното, противникот, сепак, повеќе мислеше на резултатот, а Тони Херона кој реално има далеку подолг список на играчи, селектираше (за неколку добри играчи) посилен тим. 



Целта е исполнета, „Б“ репрезентативците имаа шанса да бидат во главна улога во националниот тим, се бореа и за својот статус во тимот, покажаа и добро и лошо и сега селекторот има подобар увид во своите борбени редови. Следните шест месеци, пак, ќе бидат клучни за овие ракометари во битката за место во тимот што ќе игра на ЕП во Унгарија. 

„Одигравме одлични два тест натпревари. Мислам дека и во иднина оваа Б, подмладена репрезентација треба да функционира, екипа каде што играчите ќе добиваат шанса заедно да играат квалитни натпревари, со вакви, квалитетни противници. Сега имам целосно јасна слика од кого колку и кога би можел да очекувам.“, вели Лазаров.
„Не чека многу работа“, не крие селекторот. „ Важно беше играчите да почувстуваат што е квалитетен противник со квалитетен тренер и секако високо ниво, висок интензитт на игра во текот на сите 60 минути. Покрај ракометно, заостануваме доста и физички и на тоа мора да работиме многу до почетокот на ЕП и индивидуално и колективно“. 

- Првиот натпревар резултатски беше подобар, вториот...

„Очекував послаб резултат на вториот ден. Во неполни 24 часа одигравме два силни натпревари со висок интензитет и тоа е тешко да се издржи со играчи од домашното првенстов што не се во најдобра физичка форма. 
На првиот натпревар, резултатот можеше да биде и позитивен. Севкупно, ова беа квалитетно потрошени,, искористени пет дена за нашата национална селекција“, вели селекторот Лазаров.

- Дали е во план да биде составен за оваа репрезентација посебна програма, план за подготовки, колективно , индивидуално... особено што во декември, пред ЕП, најголемиот дел нема да играат во Европа, а на домашната сцена се е поинаку.

„Не случајно го потенцирам квалитетниот тренажен процес во клубовите и минутажата што ја добиваат. Ќе мораме да работиме и индивидуално со нив, на начин на кој што работат големите тимови, особено како што работат скандинавци“, вели Лазаров. 

Следната селекторска акција на Кирил Лазаров е утре. Се очекува 39 повикани кадети да се појават на првата прозивка во „Автокоманда“. Тогаш почнува селекцијата на кадетскиот (У19) тим за настап на ЕХФ Шампионатот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk