Б Македонија го покажа и лошото лице


СРБИЈА - МАКЕДОНИЈА 33-23 (17-11)

МАКЕДОНИЈА: Кизиќ, Ѓоргески, Кузманоски 4, Манасков, Георгиев 4, Петковски, Костески 5, Ѓорговски 1, Кондев, Кукуловски, Младеновиќ, Јагуриновски 2, Стојковиќ, Аларов 2, Атанасовски 1, Серафимов, Симоноски 1, Мишевски 3


Кирил Лазаров денеска имаше можност да види не само што е добро, туку и што е лошо во нашиот тим, па ќе има и корист и од денешеното издание на македонската репрезентација. 




Македонските репрезентативци кои се борат за статуст на првотимци во репрезентациајата, денеска не се прославија на контролниот натпревар со слична композиција на играчи со составот на Србија.

Македонија мечот со почна со Кизиќ на голот, Аларов на линијата, Манасков, Ѓорговски и Серафимов во бековската линија и Костески и Кузмановски на крилницте позиции.
Почетокот и не толку беше лош, а по пет минути игра резултатот гласеше 3-2 за Србија. Следните пет минути Македониа не постигна гол, а прими четири и Лазаров мораше да бара тајм аут при негатива од 2-7. Ништо подобро не се случи ниту во следните десет минути, напротив, три промашени седмерци и три постигнати гола за 20 минути игра. Србија имаше големи 10-3 . 
До крајот на полувремете разликата не се намали, но барем постигнувавме голови, па на одмор беше 17-11 за Србија. 
Домашниот состав на полувремето го смени голманот, но и нововлезениот Кривокапиќ продолжи одлично, ги запре во воведните минути ударите на Ѓоргиев, Костески и на Аларов. Но, бевме далеку подобори отколку во првиот дел, , па српскиот селектор Тони Херона побара тајмаут при водство од 20-15.
По ова, Србија за нецели две минути направи серија од 3-0, па Кире Лазаров беше принуден да побара тајмаут при резултат 23-15.
Во 48 минута се случи тоа што се надѕираше уште од првиот дел, Србија поведе за прв пат со 10 гола разлика. Таа разлика се задржа до крајот, конечно 33-22.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk