Француски трансфер на Георгиевски

Македонскиот интернационалец Дарко Оса Георгиевски заминува од екипата на Анже и се сели во Ланестер.



Македонскиот интернационалец Дарко Георгиевски потпиша за Ланестер, тимот од Н1 Дивизијата или третата по квалитет француска лига. Македонецот лани играше за тимот на Анже еден ранг повисоко, во Про-лигата, но не успеа да обезбеди опстанок. 

Дарко Георгиевски (28) доби шанса за враќање во репрезентацијата во периодот кога селектор на нашиот тим беше Данило Брестовац. И слободно можеме да подвлечеме дека на некои натпревари одигра сосема солидно, со оглед на улогата за која беше планиран. 
Но, како 28 годишен бек, не се вклопи во новиот концепт, што сега го гради Кирил Лазаров и засега нема покана за нов репрезентативен настап. 

Дарко Георгиевски е дел од поголемата реконструкција на Ланестер. Заминуваа четири доаѓаат исто толку нови играчи. Засилувањата се од Анже, Шербур и Истра, клубови со позвучни имиња, па сметаме дека овој клуб ќе оди напред сезонава. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk