Денеска втор тест на Македонија во Ниш

Македонија и Србија денеска ќе одиграат уште еден контролен натпревар.




По вчерашната прв контрола меѓу „Б“ репрезентациите на Македонија и на Србија, денеска од 16:00 часот следи нов тест на кој кандидатите за првиот состав ќе се докажуваат на теренот кај двајцата селектори. 

Вчерашниот натпревар беше релативно успешна контрола во поглед на борбеноста и карактерот покажан во враќањето од раниот резултатски минус. 
Финално, Тони Херона имаше повеќе поискусни играчи во ростерот како Пешмалбек, Ѓорѓиќ, Ѓукиќ и му беше полесно да го одржува нивото на натпреварот. 

Денеска ќе биде истото, со тоа што вторите натпревари некако вообичаено се порелаксирани, играчите веќе знаат со кого си имаат работа па знаат и подобро да се одбранат, од друга страна тие што грешеле можеби и ќе поправат нешто во играта... 
Севкупно, би требало да гледаме уште еден интересен натпревар, по што селекторот ќе има подобар увид за тоа кој колку може да му помогне и како може да се вклопи за јануарската претстава. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk