РЕЗУЛТАТИ 13 КОЛО:
МЕТАЛУРГ - БУТЕЛ СКОПЈЕ 36-35 (17-13)
Хорват 10, Калуѓеровиќ 10, Серафимов 7 - Мојсоски 9, Мајиќ 8
Т. ПРОЛЕТ - ВАРДАР 22-28 (11-14)
Аларов 5, Пецаковски 4 - Чупиќ 8, Георгиевски 7
Е. ПЕЛИСТЕР 2 - Е. ПЕЛИСТЕР 23-31 (10-14)
Мирчевски 6, Па. Атанасијевиќ 4 - Периќ 11, Радовиќ 5
ТАБЕЛА:
1. ВАРДАР 1 (36). 2. E. ПЕЛИСТЕР (36). 3. МЕТАЛУРГ (20). 4. Т. ПРОЛЕТ (19). 5. БУТЕЛ СКОПЈЕ (15). 6. ОХРИД (12). 7. Е. ПЕЛИСТЕР 2 (5). 8. СТРУГА (3)
Металург ќе игра во Европската лига следната сезона. Тимот од „Aвтокоманда“ вечерва го совлада Бутел Скопје и првенството во најлош случај ќе го заврши на четвртото место. Избраниците на Иван Марковски, предводени од двојната десетка Хорват - Калуѓеровиќ го добија последниот од серијата најважни натпревари и се изборија за пласман во Eвропските купови.
Резултатски тензично и возбудливо беше вечерва во „Автокоманда“. По израмнетиот прв дел, во финишот на полувремето домашниот состав од 10-9 стигна до водство од 14-10 и од тој момент го контролираше резултатот.
Предводен од триото Хорват, Серафимов и Калуѓеровиќ, Металург имаше во водство од 4, 5, 6 гола разлика, но како одминуваше времето Бутел се погласно се закануваше.
Намалија на минус два гостите пред 50 минута, а Металург пропушти златен зицер на шест миути до крајот, по одбранетиот пенал на Дупјачанец. На спротивната страна беше погодена статива од пивот од чиста позиција, па Бутел остана во игра.
Но, остана разликата од 2-3 гола, а кога Хорват постигна гол за 34-31 на минута и пол до крајот веќе беше познат победникот. Потоа Металург умешно го зачува водството и учеството во ЕЛ.
Вечерва сигурни победи запишаа и Вардар над Пролет и првиот над вториот тим на Еурофарм Пелистер. Вардар и Е. Пелистер останаа на делба на врвот, а Пролет за момент падна на четвртото место. Шанса за го поправи пласманот ќе има во последното коло.