Барса објави на својот Твитер профил дека заминува Хавиер Пасквал и дека неговата замена е Антонио Карлос Ортега, во моментов тренер на Хановер.
Објавата на Барса, за целиот ракометен свет значеше официјализирање на трансферот, завршена работа... За целиот ракометен свет, освен за Хановер, тие имаат поинакви математики.
Директорот на клубот објави дека Антонио Ортега е се уште под договор со Хановер и дека тој договор не е раскинат за да може слободно да оди во Барса.
Хановер ќе бара отштета, а првата сума објавена во јавноста е не помалку од 500.000 евра!
Во меѓувреме Хановер веќе спреми и замена, неофицијално, поранешниот селектор Кристијан Прокоп е прв кандидат за клупата на овој бундеслигаш.