Дунареа Браила, клубот во кој македонската репрезентативка Јована Саздовска ќе ги мине следните две сезони, летово доведе капитални засилувања.
По Сабине Јакобсен, Аманда Куртовиќ, десниот бек на норвешката репрезентација е последното, односно најновото бомбастично засилување за романскиот тим Дунареа Браила кој следната сезона ќе стане дел од европскиот тренд - формирање на инстант „дрим тим“.
Дунареа покрај двете скандинавски ѕвезди состави латино, односно бразилски дрим-тим. Екс вардарката Маиса Пешоа е дел од овој тим во кој се и уште шест сонародничкки - Араужу, Да Силва, Ана Паула, Квинтино, Морена и Да Роша.
Првата постава на Дунареа сега изгледа вака:
Маиса Пешоа, Лариса Араужу, Самара да Силва, Ана Паула Родригез, Аманда Куртовиќ, Џесика да Силва Квинтино и Сабине Јакобсен
Македонската репрезентативка Јована Саздовска од лани е дела од оваа екипа, а неодамна потпиша нов двегодишен договор и следната сезона минутажата ќе ја дели со новодојдената Бразилка Лариса Муњоз Араужу.