Кој во Европа: Металург или Бутел Скопје

Денеска ќе се одигра 13 коло од машката Супер лига - Плеј оф. 



Претпоследното коло од Плеј оф лигата ќе го даде одговорот на единствениот преостанат Х во равенството на Супер лигата. 
Кој ќе биде (по)следниот патник за Европа - Металург или Бутел Скопје. 

Имајќи го предвид досега одиграното и распоредот во последното коло,  Вардар е речиси сигурен учесник во Лигата на шампионите. Е. Пелистер ќе биде директно пласиран во групата на  Европската лига (ЕЛ), Т. Пролет ќе биде во првиот шешир од првото коло во квалификациите за Европска лига.
Останува да видиме кој ќе биде на четвртото место, односно дел од вториот шешир од првото квалификациско коло за ЕЛ. Оваа распределба е според ланската ранг листа, па иако кај ЕХФ се е можно, не би требало да има големи промени и ова би биле и неофицијалните позиции на македонските клубови и на ранкингот за 2021-22.
Петтото место не носи пласман во Европа. РФМ би можела да побара вајлд карта, веројатно таков ќе биде и случајот без оглед на денешната разврска, но не се големи шансите таа да биде и доделена. 

Металург и Бутел Скопје, вечерва, од 19:00 часот во „Автокоманда“ ќе играат еден на еден за четврто место. Металург во моментов има два бода повеќе од Бутел на табелата, но во последното коло Металург игра со Вардар, а Бутел со Е. Пелистер 2. Со оглед на тоа, нерешен резултат денеска повеќе му одговара на Бутел Скопје. 

Одложен за уште еден ден е дуелот меѓу Охрид и Струга. 
 

СУПЕР ЛИГА – ПЛЕЈ ОФ – 31.05.2021 – ПОНЕДЕЛНИК 
(19:00 часот) РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
(19:00 часот) РК ПРОЛЕТ 62 – РК ВАРДАР 1961
(19:00 часот) РК МЕТАЛУРГ – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
(19:00 часот) ГРК ОХРИД – РК СТРУГА (вторник)


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk