Тиквеш обезбеди опстанок во Супер лига

ГРК Тиквеш останува суперлигаш, во Прва лига се селат Работнички, Јуниор Кисела Вода, Младост и Астраион. 
За опстанок во Супер лига и за меч за бараж, конкурираат Прилеп, Радовиш и Голден Арт КЛ7.




Екипата на Тиквеш од Кавадарци предводена од охриѓанецот Горан Андоновски, вечерва обезбеди директен опстанок во Супер лигата. Кавадарчани денеска победија на дуелот со Работнички и патем го испратија скопскиот клуб во Првата лига следната сезона. Убедливо со седум гола разлика и позитива остварена во првиот дел, квадарачани си го верификуваа опстанокот. 
ГРК Тиквеш на коло до крајот има 28 бода и најмалку што може да биде е второпласиран, а тоа е место што директно обезбедува опстанок во лигата. 

Вториот фаворит за директен опстанок, Прилеп денеска извојува важна победа во Богданци. Прилепчани на грузиски погон (Чантурија 8, Рустамов 10 гола) го совладаа Младост и сега имаат 27, односно еден бод помалку од лидерот Тиквеш. 
Но, за разлика од Тиквеш, прилепчани се на домет на Радовиш и на Голден Арт КЛ7 и во последното коло во кое играат со Тиквеш мораат да освојат најмалку бод. 

Битката за третата позиција која носи бараж со тимот број два од Прва лига, ќе биде меѓу Голден Арт КЛ7, Радовиш и евентуално Прилеп. 

Голден Арт КЛ7 со денешниот пораз од Радовиш е блиску до премин во Прва лига. Во последното коло Радовиш игра со Астраион и сигурно ќе победи и остане недостижен, па нивната единствена шанса е Прилеп да загуби дома од Тиквеш, тие да го совладаат Работнички и така да дојдат до бараж за опстанок.

СУПЕР ЛИГА – ПЛЕЈ АУТ 
МЛАДОСТ 1977 –  ПРИЛЕП  33-37 (12-21)
ГРК ТИКВЕШ 2014 –  РАБОТНИЧКИ  25-18 (14-8)
АСТРАИОН ХЕНДБОЛ – ЈУНИОР К.В  16-25 (9-15)
ГОЛДЕН АРТ КЛ7 –  РАДОВИШ  23-24 (11-13)

ТАБЕЛА: 
1. Тиквеш (28), 2. Прилеп (27). 3. Радовиш (25). 4. Голден Арт КЛ7 (24). 5. Работнички (21). 6. Јуниор К.В. (16). 7. Младост (13). 8. Астраион (0). 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk