Карабатиќ се врати на терен!

Никола Карабатиќ денеска го одигра првиот натпревар по повредата заработена во октомври. 



Огромно засилување добива Раул Гонзалез пред дуелите од Фајнал фор турнирот од Лигата на шампионите во Келн. 
Денеска па пауза од седум месеци во тимот се врати Никола Карабатиќ. Некогаш најдобриот играч на светот се појави во дресот на ПСЖ на дуелот со Санкт Рафаел (44-32) и постигна четири гола од пет обиди. Тој се повреди во октомври минатата година, страдаа лигаментите на коленото и мораше да оди на операција.

Колку ќе биде корисен на дуелите со врвните екипи на Ф4 ќе имаме можност да видиме, но сеедно, ПСЖ добива поинаков изглед кога во составот е Никола Карабатиќ. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk