Црн ден: Се удави голманот Даниловски

Голманот на Охрид и повремен македонски репрезентативец Никола Даниловски утрово е пронајден мртов во водите на Охридското езеро.
Никола Даниловски (24) потекна од школата на Металург. Бранеше за скопскиот клуб до 2019 со тоа што од 2015 до 2017 беше голман на Пелистер. Во 2019 потпиша за Охрид каде што беше досега. 

Безживотното тело на младиот голман е пронајдено во водите на Охридското езеро кај Лагадин. Немало траги на насилство информираа од охридската полиција.

Засега нема други официјални детали за трагичниот настан и причините поради кои дошло до ваквиот крај. 

Натпреварот меѓу Охрид и Струга што требаше да се игра денеска е одложен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk