Целје се симна од тронот, Словенија има нов шампион

Доминацијата на Целје Пивоварна Лашко во Словенија заврши. По осум години има нов шампион во Словенија. 



Целје имаше серија од 19 победи по ред сезонава и беше на прагот да ја освои и годинешната титула, а со тоа и да ги зголеми шансите на Словенија да добие вајлд карта за ЛШ следната сезона.
 
Но, по серијата од 19 победи следеше историска серија од пет порази по ред што ја искористи екипата на Горење која вчера стана недостижна за Целје и за Требње и стана нов шампион на Словенија. 

Горење на едно коло до крајот има два бода предност пред Требње и три пред Целје и математички е недостижен. Второто место по се изгледа ќе биде за Требње, а шампионот Целје сезонава ќе биде само трет и ќе се најде во квалификациите за Европската лига заедно со македонските екипи Т. Пролет и Металург/Бутел.  
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk