Уште две оставки стигнаа до ИХФ

Претседателот на судиската комисија на ИХФ, Рамон Гаљего си поднесе оставка откако беше изоставен во акредитацискиот процес за ОИ Токио со што ја отвори „Пандорината кутија“.



Рамон Гаљего демонстративно поднесе оставка и во јавноста испрати сооппштение во кое вели дека заминува поради конфликт со врвот на ИХФ, конкретно со претседателот Хасан Мустафа, затоа што ИХФ не бил задоволен од судењето и побарал скандинавски судии да не судат на скандинавски репрезентации. 

Денеска скандинавските медиуми „брујат“ на темата, а разни експерти го прогласија Хасан Мустафа за најголемиот диктатор во спортските организации. Паралелно со тоа велат односно посочуваат како факт дека скандинавските судии биле најдобрите на светот.

Уште две нови оставки стигнаа до ИХФ како поддршка за оставката на Рамон Гаљего. Стигнаа од страна на неговите сонародници што работат во ИХФ. Тоа се предавачите Тино Хуелин и Моур Хавиер.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk