T. Пролет по печат за трето место

Денеска се игра 12 коло од Супер лигата. Металург се среќава со Е. Пелистер, Бутел игра против Т. Пролет.



Почнува расплетот во домашното првенство. Македонија следната сезона ќе има четири претставника во Европа. Еден во Лигата на шампионите и три во Европската лига. Вардар го дели рутина од шампионски пехар, Е. Пелистер ќе биде директно во групата за ЕЛ, а за местата во квалификациите жестоко се борат три тима. Т. Пролет, Металург и Бутел Скопје. 

Пролет денеска се среќава со екипата на Бутел и ако успее да победи тогаш ќе го освои третото место во првенството, со оглед на тоа дека во последното коло игра со Струга, а Металург има дуели со Е: Пелистер, Вардар и Бутел. 
Ако победи Бутел, тогаш математички и тие се во игра за третото место со две победи со крајот (Металург и Е. Пелистер 2).

Металург, пак, денеска гостува во Битола и ќе се сретне со Е.Пелистер 2. Домашните реално немаат којзнае колкави мотиви. Тие очекуваат „кикс“ на Вардар за да станат прваци, но такво нешто црвено-црниот тим на дуелите со Струга, Пролет и Металург сигурно нема да си дозволи.
Вардар денеска гостува на Струга, а Е. Пелистер 2 ќе игра против тимот на Охрид. 

ДЕНЕСКА ИГРААТ:
19:00   Струга - Вардар
19:00   Е. Пелистер - Металург
19:00   Бутел Скопје - Т. Пролет
19:00   Охрид - Е. Пелистер 2

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk