Од Вардар до Војводина

Поранешниот ракометар на Вардар, Целје и Кристијанштад се враќа на Балканот.



Грегор Оцвирк, МВП и најдобриот стрелец од јуниорското ЕП 2018 веќе го напушти шведскиот Кристијанштад и следната сезона ќе го носи дресот на новосадска Војводина.
Оцвирк своевремено, позаминувањето од Целје дојде во Вардар каде што не се снајде согласно реноместо , не доби доволно минутажа и по една сезона си замина. Потоа се пресели во Шведска, а и таму една година пред истекот на договорот реши да замине.
Од друга страна дамна немаме слушнато српски клуб да нагажира странско засилување, а да не е од рамките на старата Југославија. 
Па сепак, најавите дека ќе има повеќе државни пари на сметката и новите амбиции да се игра во Европа, најавуваат дека Војводина следната сезона ќе биде на повисоко ниво, што пак е добро за СЕХА.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk