Се скараа ИХФ и првиот судија!

Првиот човек на судиската организација на ИХФ, Шпанецот Рамон Гаљего демонстративно поднесе оставка и испрати писмо до медиумите.



Поранешниот судија, сега делегат, Рамон Гаљего од Шпанија поднесе оставка од позицијата претседтел на судиската комисија на ИХФ. 
Избил „конфликт“ меѓу Рамон Гаљего и Хасан Мустафа, претседателот на Светската ракометна федерација. Хасан Мустафа бил незадоволен од судењето и според Гаљего и инсистирал на тоа скандинавски судии веќе да не можат да им судат на скандинавски тимови. 

Таква забрана нема во пропозициите, а нефоцијално има и подлабоки корени причината поради која дошло до ваквиот расплет. 

Во своето обраќање до јавноста Рамон Гаљего издвојува два натпревари од кои ИХФ бил незадоволен од судењето. 
Мундијалската пресметка меѓу Шведска и Египет каде победија Швеѓаните, а судеа Норвежани и дуелот од квалификациите за Олимписките игри во женска конкуренција на кои се сретнаа Романија и Норвешка. Победи Норвешка, а натпреварот го судеа судии од Данска. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk