Битолчани на штрек, ќе играат ли Мандалиниќ и Мараш?

Ќе биде ли комплетен Е. Пелистер на дуелот со Вардар во Битола или и овој пат ќе мора без некои од најдобрите играчи?



Два дена по финалето на Купот на кое играа Вардар и Е. Пелистер и два дена до нивната нова пресметка, во првенството во Битола, сликата со повредените играчи на битолскиот состав не е појасна. 

Оптимизмот е поголем, но шансите не се зголемија значително кога е во прашање Матео Мараш. Играчот е чувствува добро, нема (големи) болки, коленото изгледа во ред... Но, на репетицијата од натпреварот се виде убаво превиткување по се е во ред некако не се вклопува во кадарот. Денеска се чекаа резултати, веројатно утре во текот на денот ќе има повеќе детали околу шансите Мараш да игра во четврток. 

За разлика од Мараш, значително се подобрени изгледите Стипе Мандалиниќ да биде во четврток во тимот. Подобрени се, не е дефинитивно дека ќе игра.
Тој имаше болки во половината и го пропушти најважниот меч во сезоната - финалето на Купот. Ако игра во четврток, Битола ќе може да види можеби поинаков однос на силите, односно подобри шанси на својот клуб.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk