ОФИЦИЈАЛНО: Дизингер оди во Динамо

Трансферот на Кристијан Дизингер што g-sport.mk го најави пред седум дена, денеска доби официјална потврда од Романија.



Кристијан Дизингер е нов член на Динамо Букурешт. Германецот заминува од редовите на Вардар, тој ваков епилог најави и минатата сезона со изјавата дека би било чудо ако остане. Лани се случи тоа чудо и тој остана, годинава, понудата од Романија беше попримлива отколку играњето во Скопје. 

Динамо Букурешт е следниот голем европски проект. Буџетите во Романија се несразмерно големи во однос на резултатите, а сето тоа треба да почне да се менува од септември кога се очекува на клупата да дојде Хавиер Пасквал од Барса. Со него покрај Дизингер би требало да стигне и неговиот син Алекс Пасквал кој кариерата ја почна како голман, а сега игра на позиција лево крило. Претходно Седрик Сориндо потпиша за романскиот клуб. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk