Вардар пред „Чкембари“ во Битола

Владата ги усвои предлозите на Комисијата за спречување на заразни болести во поглед на олабавување на мерките. На спортските настани со почитување на протоколите ќе може да присуствуваат гледачи во бројка до 30 насто од капацитетот на објектите каде што се игра.



Иритантното чкрипење на патиките во морничаво празните сали од утре ќе биде надгласано со бука од трибините. 
Владата денеска ја усвои препораката на Кризниот штаб и од утре на сила стапува олабавување на мерките, а меѓу нив се најде и одлуката за организирање настани со гледачи, на отворено и затворено во што спаѓаат и ракометните натпревари. 

Во исчекување сме на одлука, дали на Купот на Македонија ќе има публика што е помалку веројатно во однос на варијантата на трибините да има поширок список на т.н. пријатели на клубовите. Како и да е, бројката на трибините не смее да надмине 250-300 присутни вкупно, со оглед на тоа дека капацитетот на салата е 800-900 гледачи и има само една трибина. 

Следниот голем меч е за 10 дена во Битола, кога на решавачки меч за шампионската титула ќе гостува Вардар. Битолчани добија неочекувано засилување за оваа средба, по цела сезона на трибините ќе можат и „Чкембари“, кои ќе мораат да ги почитуваат протоколите. Истото важи и за сите други средби, па жешкото првенство допрва ќе се вжештува кога главно домашните екипи ќе добијат и поддршка од трибините. 

ДОПОЛНЕТО: Владата денеска објави дека гледачи ќе може да има само на настани од културен, научен и забавен тип. Спортските настани остануваат без физичко присуство на публика.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk