Куп финалето за Начевски и Николов

Финалето од Купот на Македонија што ќе се игра во сабота во „Автокоманда“ ќе го суди нашата најдобра судиска двојка.



Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го судат годинешното финале на Куп на Македонија што се одржува по пауза од една сезона. 
Во сабота од 17:30 часот ќе се сретнат победниците од дуелите Металург - Вардар 1961 и Е. Пелистер - Бутел Скопје. Делегати на финалето ќе бидар Драган Начевски и Камер Металари.
Во четврток од 16:30 часот ќе играат Металург и Вардар. Судии ќе бидат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, а делегати Душко Камишевски и Русе Наумовски. 
Истиот ден од 19:00 часот ќе играат Бутел Скопје и Е. Пелистер. Оваа средба ќе ја судат Исмаил Металари и Ненад Николовски, а делегати ќе им бидат Ацо Николовски и Љупчо Јаневски. 

Во петок се играат полуфиналните средби од женскиот Куп на Македонија. Од 15:30 играат Металург и Куманово. Судии се Димитар и Дејан Георгиевски, а делегат Васил Чавдаров. 
Од 18:00 часот се среќаваат Вардар и Чаир. Судии се Адриана Здравковска и Сања Божиновска, а делегат Гордана Ѓорѓеска. 
Финалето на женскиот Куп ќе биде предигра на машкиот. Судии се Лејла Јашар и Михаела Капсарева, а делегат Марјан Огњановски. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk