Дизингер и Пасквал одат во Динамо

Од официјално непотврдени информации, ја дознаваме следната дестинација на бекот на Вардар и транерот на Барса. 



Германецот Кристијан Дизингер, член на Вардар и шпанскиот тренер Чави Пасквал во моментов тренер на Барса, следната сезона ќе работат заедно во старо-новиот шампион на Романија, Динамо Букурешт. 

Информацијата не е официјално потврдена, но очекуваме наскоро да биде официјализирана. За Германецот долго време се зборува дека си оди од Вардар. Овде остави трага и  има негов потпиш на шампионскиот пехар од 2019 година. Тоа само по себе значи дека ќе остане во добро сеќавање во Скопје. 

Вчера беше обелоденето дека Чави Пасквал заминува од клупата на Барса на крајот на сезоната без разлика дали во Келн ќе освои пехар или нема. Веднаш му беше „најдена“ и новата екипа и замената. 
Тренерот на Филип Кузмановски во Хановер, Антонио Карлос Ортега би требало да оди во „Блау грана“, а во Пасквал се враќа да ја заврши незавршената работа во Романија, овој пат со комплетен ангажман во Динамо Букурешт. 

Пасквал веќе има искуство од работење во Романија, беше нивни селектор две сезони се до поразот од Македонија во баражот за СП Германија. 
Но, Пасквал за тоа време почна многу проекти, практично стартуваше со реновирање на ракометот во Романија, па сега е „згодно“ време да ја доврши приказната. 
Имајќи предвид дека Романија пропушти зицер по повеќе од 14 години да се пласира на ЕП и тоа поради пораз и реми со Косово, веројатно можеме да погодиме и кој ќе биде нивниот следен селектор. Јасно, доколку се потврдат овие информации. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk