ТРАНСФЕРИ: Јакобсен, Мамиќ, Зорман...

Селекторот на Данска, Николај Јакобсен го продолжи договорот за уште една сезона и останува на клупата на репрезентацијата до 2025 година. 
Тој во 2017 стана селектор на Данска, а во 2019 потпиша петгодишен договор. Сега и тој договор е продолжен. 



Хрватскиот бек Марко Мамиќ го продолжи договорот со Лајпциг и останува нивни член најмалку до 2025 година. 

Египетскиот ас Ахмед Алахмар, објави дека по ОИ Токио најверојатно ќе престане да игра за Египет. Фараоните сега можат да го ослободат можеби најдобриот играч на Африка последнава деценија, затоа што „стасан“ за тимот е Омар Јахија од Веспрем. 

Урош Зорман потврди дека преговара со Мешков Брест за тренерската позиција. Веројатно има некаква разлика веруваме во понуденото и побараното, затоа што Зорман изјави дека се уште размислува. 

Елверум го ангажираше 21-годишниот Исланѓанец Феир Торкелсон како замена за Александер Блонц кој заминува во ПИК Сегед. 

Аргентинскиот голман Лионел Масиел би требало да биде замената за Кевин Мелер на голот на Барса следната сезона.  Барса има договор и со Данецот Емил Нилсен од Нант, но тој ќе им се приклучи во 2022 година.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk