Европската ракометна федерација (ЕХФ) по непотребно чекање од еден ден, ги потврди шеширите за главната фаза од ЕП 2022 во Унгарија и Словачка.
Македонија и покрај тоа што е со најмногу освоени бодови вкупно, втора меѓу второпласираните, се наоѓа во третиот шешир поради 15. место на ЕП 2020.
Ждрепката ќе се одржи во Будимпешта, во четврток, со почеток од 17:00 часот.
Според освоеното место во квалификациите и пласманот на ЕП 2020, репрезентациите пред ждрепката за главната фаза од следното ЕП се поделени вака:
1. ШЕШИР: Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија и Португалија
2. ШЕШИР: Шведска, Данска, Србија, Русија, Унгарија и Австрија
3. ШЕШИР: Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција и Македонија
4. ШЕШИР: Ц. Гора, Холандија, Полска, БиХ, Украина и Литванија
* Хрватска ќе игра во група А во Сегед
* Унгарија ќе игра во група Б во Будимпешта
* Словенија ќе игра во група Ц во Дебрецен
* Германија ќе игра во група Д во Братислава
* Чешка ќе игра во група Е во Братислава
* Словачка ќе игра во група Ф во Кошице
** Во група со Унгарија ќе бидат Шпанија, Норвешка или Португалија
** Македонија нема да може да игра во Кошице и во групата Е во Братислава