Сутер: Против Македонија е екстремно тешко да се игра

Швајцарија дојде во Скопје со преголема доза на самодоверба. Одиграа добар меч, имаа и добри моменти и тактички и технички, но и грешки и пропусти што на крајот ги чинеа минимален пораз и елиминација од трката за ЕП. 
Најголемата грешка ја направија пред да почне мечот.



Понесени од добрата партија против Данска што исто така ја загубија, веројатно и со перформансот на СП Египет каде дојдоа како втора резерва, Швајцарците најголемата грешка ја направија кога изјавуваа дека Македонија не е врвна репрезентација и дека тие можат да ја победат во Скопје. 

Тоа веројатно беше „х“ факторот на овој натпревар. Ги испровоцираа македонските играчи додаоа натпреварувачки мотив плус што реално во нашиот тим можеби и ќе го немаше, доколку со своите изјави го минимизираа значењето на натпреварот за нашите играчи.
По средбата, нивниот селектор, Михаел Сутер звучеше поинаку.

„Ова е топ-спорт. Можеш да ги почувствуваш најголемите височини (како СП Египет) и најголемите длабочини. Загубивме два натпревара со по еден гол, и покрај борбеноста и добрата игра. Два меча на кои пруживме се. 
Македонија е силна репрезентација против која е екстремно тешко да се игра надвор од дома. Многу нации веќе го имаат почувствувано тоа. Ние бевме силни, пруживме максиумум и се боревме до крајот...“изјави Михаел Сутер по натпреварот со македонскиот тим. 

На Швајцарија вчера ќе и беше доволен и бод од Скопје за да се пласира на ЕП, со оглед на другите резултати. Вака, благодарение на победата на Македонија, на ЕП ќе игра Украина. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk