Кои екипи одат на ЕП, шешири за ждрепката, резултати

Репрезентациите на Швајцарија, Италија, Грција и Косово се четирите третопласирани репрезентации што нема да одат на ЕП 2022. Стигнаа до трето место, но им недостигаше една победа над некоја од подобропласираните, за да бидат дел од ЕХФ Еуро 2022. На Швајцарија, пак и недостигаше само бод...во Скопје.



БиХ, Полска, Литванија и Украина се четирите третопласирани репрезентации што ќе го пополнат четвртиот шешир во ждрепката што ќе се одржи на 6 мај во Виена. 
По денешното последно коло и финалниот распоред на табелата, базирано на резултатите во квалификациите и пласманот на ЕП 2020, шеширите за „Главна рунда“ на натпревари што ќе се играат на ЕП 2022 би требало да изгледаат вака:

1. ШЕШИР:  Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија и Португалија
2. ШЕШИР:  Шведска, Данска, Србија, Русија, Унгарија и Австрија
3. ШЕШИР:  Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција и Македонија
4. ШЕШИР:  Ц. Гора, Холандија, Полска, БиХ, Украина и Литванија

*Ова е неофицијално рангирање, но е базирано според критериумите што ги објави ЕХФ и начинот на кој беа одредени шеширите за ЕП 2020. Очекуваме во најскоро време ЕХФ официјално да потврди како ќе изгледаат шеширите.

Денеска се играше последното коло во квалификациите, Австрија со победата над БиХ го фати последниот воз за ЕП, Црна Гора ја запечати судбината на Романија, Португалија едно полувреме се мачеше со Летонија, а потоа победи за прво место во групата.... Квалификациите завршија, во последното коло постигнати се следниве резултати:

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2022
Последно коло:
Македонија - Швајцарија   29-28
Данска - Финска  46-24
Франција - Грција   46-30
Австрија - БиХ   27-24  
Германија - Естонија  35-20
Ц. Гора - Романија  23-19
Шведска - Косово  39-16
Чешка - Украина  27-22
Ф. Острови - Русија  23-28
Исланд - Израел  39-29
Португалија - Литванија   30-25
Белорусија - Летонија  30-26
Норвешка - Италија  37-16
Холандија - Полска  32-30
Словенија - Турција  39-24
Србија - Белгија 10-0 (службено)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk