Кирил Лазаров и Филип Миркуловски се во составот за вечерашната пресметка со Швајцарија.
Македонија денеска ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2022. Репрезентацијата е пласирана на ЕП, но професионално ќе си го одработи квалификацискиот циклус и денеска со најасилен состав, од тие играчи што му се на располагање, Кирил Лазаров ќе истрча на теренот.
Миркуловски и Лазаров се во тимот. Го нема Дејан Манасков, а во составот се враќаат Ненад Костески и Михајло Младеновиќ.
Покрај Манасков од составот со кој игравме против Финска, ќе го нема и Мартин Серафимов.
Што се однесува до гостинскиот состав, битни разлики од првата средба што се играше на почетокот на квалификациите во Шафхаузен е што во тимот го нема левиот бек Лука Марос, а им се врати пикерот Ален Милошевиќ.
Натпреварот за Швајцарија е се или ништо за нивниот тим. Македонија не може да направи промени на табелата. Ако победат во Скопје, Швајцарците можат да се надеваат и на пласман на ЕП, иако и тоа зависи од резултатите на другите натпревари.
Натпреварот почнува во 18:00 часот, ќе го судат Бојан Лах и Давид Сох од Словенија.