Ф. Острови со чешки букви напишаа историја

ФАРСКИ ОСТРОВИ - ЧЕШКА   27-26 (11-12)



Чешка има нов кошмар. Веќе нема да се будат облеани со ладна пот мислејќи на Македонија, туку на Фарски острови. Годинава островјаните ја чинеа Чешка настап на СП. На аеродромот во Торшавн беа откриени ковид позитивните ракометари на Чешка по што следеа низа настани кои доведоа Чешка да не игра на СП и да и го отстапи местото на Македонија. Тогаш беше одложен натпреварот, а се одигра денеска. 
Двапати плаќаат сметка за истиот меч, но овој пат не може да да ја чини Чешка губење на пласман на ЕП. Може да ја загуби позицијата во третиот шешир.
Денеска се одигра таа средба, а нверојатно, победија Фарски острови (27-26) со што Чешка ја загуби предноста во однос на Украина. 

Фарски острови, пак, ја извојувaа својата прва победа во квалификациите на прошталниот меч на селекторот Валгрин кој летово ќе биде заменет со Данецот Петер Ларсон,
Фарски острови нема да одат на ЕП.  Чесите премногу се штедеа за реваншот со Украина. Тие се веќе пласирани на ЕП, но позицијата два не им е безбедна, а со тоа ниту третиот шешир. 
Чешка пред два дена славеше во Украина (28-26), а во недела одново играат со нив. Во моментов и двата тима на табелата имаат по пет бода. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk