Синоќешниот натпревар меѓу Литванија и Исланд нема да остане запаметен само по победата на Литванците.
Синоќешниот дуел меѓу Литванија и Исланд нема да остане запаметен само по историската победа на Литванците со која би можеле да се пласираат и на ЕП.
На паркетот во „Авиа Солушнс Арена“ во Виљнус, осамнаа реклами какви што немало на ракометен меч досега.
На литвански и англиски, извесен корисник на Инстаграм, познат како @opinijus си плати за реклами на кои пишуваше „Барам жена“ и „Омажи со се мене“...
За литванската федерација, иако нетипично, тоа е нормално. Дури и го нарекоа вистински спонзор, човек со општествена одговорност итн.
@Opinijus пак на својот профил напиша дека ова го сторил за да му помогне на спортот. Рекламата била ефтина, но морал да смисли што да рекламира, па се решил за ваков потег за да прилвече внимание на спонзорите што потенцијално можат да помогнат.