Македонија ја крои судбината на Украина

Квалификациите за ЕП 2022 се во финалната фаза. Списокот на патници за ЕП е речиси комплетиран, сега останува битката за гол живот и односно пребројувањето на третопласираните. 



Со два исклучока, познати се сите патници за ЕП што ќе одат на првенството како прво и второпласирани од групите. Меѓу нив е и Македонија како освојувач на второто место од групата седум. 

На коло пред крајот, десетина репрезентации имаат калкулатори во рацете и пресметуваат како би стигнале на ЕП со помош на третото место. 
Осум репрезентации ќе завршат на трето место, четири од нив одат на ЕП. Судбината н

Сигурен патник има од групата 5. Холандија е веќе пласирана на ЕП. Но тие играат со Полска дома и прашање е дали на ЕП ќе одат од второ или трето место. Не им менува ништо, ќе бидат во четвртиот шешир и вака и така. Полска има два бода и тоа би требало да биде доволно, иако калкулациите можат да добијат и поинаква разврска доколку загубат.

Интересно ќе биде во групата „2“, таму Австрија ја пречекува БиХ. „Киксот“ на БиХ со Естонија може скапо да ја чини БиХ, но ако победат избраниците на Обрван, тогаш Австрија нема да оди на ЕП.

Судбината на Украина ќе се крои во Скопје и Виена. Украинците за волја на вистината со победа на гости во Чешка би си обезбедиле сами пласман на ЕП. Но, тие пред два дена загубија дома од Чесите, па ако повторат таков резултат тогаш ќе го гледаат мечот во Скопје. Ако победи Македонија, Украина би одела на ЕП. Ако загуби Македонија, тогаш Швајцарија ќе оди на ЕП, а Украина останува дома. Истото важи за победа на Австрија над БиХ. 

ТАБЕЛА НА ТРЕТОПЛАСИРАНИ

ГРУПА „1“ - Грција - 0 бодови - последно коло: Франција (гости)
ГРУПА „2“ - БиХ - 2 бода, Австрија - 0 бодови - последно коло: Австрија - БиХ. Прв меч: БиХ - Австрија 26-21
ГРУПА „3“ - Украина - 1 бод, Чешка 3 бода. Последно коло: Чешка  - Украина. Прв меч: Украина - Чешка 26-28
ГРУПА „4“ - Литванија - 2 бода - последно коло: Португалија (гости)
ГРУПА „5“ - Холандија - 3 бода, Полска 2 бода - последно коло: Холандија - Полска. Прв меч: Полска - Холандија 26-27
ГРУПА „6“: Италија - 0 бодови - последно коло: Норвешка (гости)
ГРУПА „7“ - Швајцарија - 0 бодови - последно коло - Македонија (гости)
ГРУПА „8“ - Косово - 0 бодови - последно коло - Шведска (гости)

- Четири третопласирани екипи ќе одат на ЕП. Во случај на ист број на бодови се гледа вкупна гол разлика од дуелите со подобропласираните во групата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk