Големото изненадување во петтото коло од квалификациите за ЕП 2022 е победата на Литванија над Исланд (29-27).
Победата на Литванија над Исланд, големото денешно изненадување, мошне веројатно значи дека на ЕП 2022 ќе ги видиме за прв пат на големо натпреварување и Ајденас Малашинскас, Јонас Тручановичиус, Гердас Бабарскас итн.
Но, победата на Литванија над Исланд значи и дека во последното коло на Португалија која е во истата група (игра дома против Литванија) и е потребен само бод за да го освои првото место во групата, пред Исланд кој досега беше прв.
Оваа смена на врвот ги менува многу работите во распределбата на шеширите. Португалија сега како првопласирана во квалификациите и благодарение на освоеното шесто место на ЕП 2020 оди во првиот шешир. Шведска која беше во првиот шешир се до денешниот пораз на Исланд, сега оди во вториот шешир.
Исланд, пак, од вториот шешир доаѓа кај Македонија, во третиот.
По денешното петто коло, шеширите за ждрепката што треба да се одржи на 6 мај, изгледаат вака:
1. ШЕШИР: Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија и Португалија
2. ШЕШИР: Шведска, Данска, Србија, Русија, Унгарија и Австрија
3. ШЕШИР: Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција и Македонија
4. ШЕШИР: Ц. Гора, (Холандија/Полска) + 4 третопласирани од квалификациите
РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО
Грција - Србија 25-27
БиХ - Германија 24-26
Литванија - Исланд 29-27
Турција - Холандија 24-32
Норвешка - Летонија 36-17
Естонија - Австрија 27-31
Италија - Белорусија 31-32
Израел - Португалија 29-41
Полска - Словенија 27-26