Задолжителни пионерски екипи, премии и простории за репрезентациите

УО на Ракометната федерација на Македонија, донесе неколку битни одлуки што треба позитино да влијаат врз ракометот. 
Во Супер лигата во машка конкуренција, следната сезона ќе број 12, сезоната по неа 10 екипи. Измената се состои во тоа што до посакуваната Супер лига со 10 екипи ќе се дојде постепено и ќе има се даде уште една шанса на клубовите што посериозно инвестираа и направија поквалитетни екипи да играат во Супер лигата. Двете екипи од СЕХА Гаспром лигата ќе играат и во домашниот шампионат.



Ново кратење од 12 на 10 клуба ќе има во сезоната 2022/23. Во целиот процес Прва лига нема да биде запоставена, туку првакот ќе обезбеди директен пласман во Супер лига, а второпласираниот ќе игра бараж со соодветен противник од Супер лигата. 

Од вкупно 16 клубови што во моментов учестуваат во Супер лигата, 14 се изјасниле „за“ овој предлог. РФМ ги објави клубовите кои дале поддршка, меѓу нив ги нема Вардар 1961 и Работнички. 

Новитет од 2022/23 е намалувањето на бројот на странски ракометари од осум на шест. Ова важи само за домашниот шампионат, во СЕХА или Европските купови, екипите можат да ангажираат странски играчи без никакви ограничувања. 
Поедноставени ќе бидат критериумите за ангажирање на странски играчи. Услов е тројца од шесте страни да се репрезентативци и да имаат најмалку 10 настапи за своите репрезентации. Со ова се поедноставува делот за избор на странски играчи, актуелниот, каде во квота влегуваат играчи според рејтингот на државата. 

Сите клубови во машка конкуренција ќе мораат да пријават пионерски екипи  плус кадетска или јуниорска или и двете. 

Дамите својата премија за пласман во баражот на СП 2021, награда во вкупна вредност од 10.000 евра ќе ја добијат по два дена, односно на 14 април. 

Мажите својата досега заработена премија за победата над актуелниот светски и олимписки првак Данска, во вредност од 20.000 евра ќе ја добијат на 21 април. 

РФМ пред се за потребите на репрезентациите изнајми и нов канцелариски простор во салата „Борис Трајковски“. Тоа ќе биде нивното ново катче за сите потреби што ќе ги имаат додека им траат акциите, а и во меѓувреме за логистиката. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk