Хрватскиот ракомет влегува во нова скандалозна ситуација, сп шмек на таа од пред 20-тина години кога за титула се бореа Загреб и Метковиќ.
Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС) донесе одлука за прекин на првенството во времетраење од 1,5 месец. На барање на еден клуб, а тоа е ППД Загреб усвоено е и прифатено терените да мируваат, играчите да се вакцинираат, а потоа од 19 мај до 30 јуни одново ќе се игра ракомет.
За 1.5 месец потоа ќе треба да се одиграат 12-13 кола, а шлаг на тортата ќе биде тоа што на 1 јуни на многу играчи им истекуваат договорите, а со оваа одлука првенството ќе се игра до 30 јуни.
Единствен кој беше против ваквата одлука е Нексе, тим што реално има шанса да го прекине низот од 28 шампионски титули на Загреб. Но, се чини дека почна поинаква игра и прашање е дали Нексе е кадарен да му се спротивстави на Загреб.