Eвро авантурата заврши со минус девет во Веспрем

ВЕСПРЕМ - ВАРДАР 1961   39-30 (20-15)
Стрелци за Вардар: Стиолов 5, Дибиров 5, Шеваљевиќ 4, Чупиќ 4, Георгиевски 3, Векиќ 2, Валчак 2, Гаџа 2, Дизингер 1, Јотиќ 1, Јагуриноски 1
Стрелци за Веспрем: Шишкарев 6, Нилсон 6, Манасков 2...




Заврши европската сезона и за Вардар 1961 и во продолжение, од 1/4 финалето натаму во Европа нема да има македонски претставник. Вечерва во Веспрем, по скопскиот дебакл (27:41), следеше нов, од нешто помал обем и пораз од девет гола (30-39). 

Средбата беше каква што и може да биде средба што почнува со 14-0 за едниот противник. Без одбрани, без силни стартови, би рекле со мешани нијанси на ревијален тип на меч со оној вистонскиот за битка за 1/4 финале во ЛШ. 

Вардар резултатски беше порамноправен отколку во Скопје. Десетина минути и сосема коректно парираше (6-6-, а потоа почна полека да се зголемува разликата (9-6), па потоа 15-10... Вардар резултатски не отиде во голем минус, но на теренот Веспрем со евидентно помалку залагање отколку во Скопје постигнуваше голови по само неколку додавања. Тука им се редеа и грешки, па и Вардар профитираше во доста наврати на нивниот стил на игра. Особено затоа што ниту одбраната не Веспрем не беше таа од Скопје. 

Вардар на спротивната страна имаше повеќе маки од позиција да стигне до погодок, но имаше повеќе шанси да постигне лесни голови за разлика од скопскиот натпревар. 

Во второто полувреме се изротираа сите играчи, а подолгата клупа на Веспрем донесе и плус десет (30-20). Но, отидоа и предалеку Давис и Перез од клупата и со внесување на тинејџерот Лукач и измешаните постави, па Вардар можеше и со сосема пристоен пораз да се врати од Унгарија. 
Но, отиде концентрацијата и на крајот Веспрем победи со убедливо 9 гола разлика. 








 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk