Не го кажал Лазаров последниот збор во ЛШ

КЕЛЦЕ - НАНТ  31-34 (13-15)
АЛБОРГ - ПОРТО  27-24 (10-9)
КИЛ - ПИК СЕГЕД  33-28 (18-15)



Не го кажал Лазаров последниот збор во Лигата на шампионите. Денеска беше блиску до збогување со најелитното натпреварување во кое запиша рекордни 250 настапи, но нема да застане овде. 
Има најмалку уште две средби. Со Веспрем од 1/4 финалето на ЛШ, евентуално уште четири доколку се пласираат на Ф4 Келн. 

Вечерва Нант се надмина и го елиминираше Келце со гостинска победа од 34-31, откако на домашен терен загубија 24-25. 
Емил Нилсен, голманот што собра 17 интервенции беше јунак на средбата, Емерик Мин остави впечаток како да се работи за играч што има најмалку 100 настапи во ЛШ, а не за 23 годишник. Пешмалбек од линијата ги решеташе Корнецки и Волф, Ривера „штанцаше“ голови од седмерци, а сето тоа во една целина го спојуваше Кирил Лазаров. 
Шутот вечерва не му беше најсилната страна, па го користеше само во критичните момети, но везеше македонскиот ас на теренот. Одигра партија за докторска лиценц, подели асистенции што ги вадеа од памет домашните, координирање на акциите, командување со нападот за 10-ка. Поточно за 1/4 финале. 
Конечно, Нант така скоцкан и воден, победи со 34-31 откако само еднаш и тоа околу 50 минути Келце имаше гол предност. 
Талант Душебаев, Алекс, Карачиќ, Волф и другите, се чини го потценија Нант и не беа на вистинското ниво. Беа предолго лабави, а кога немаше шала, не можеа да се кренат и да направат пресврт. 

Вонсериска партија имаше и Никола Митревски, одбрани 15 удари, но Порто е елиминаран и тоа поради помал број на постигнати голови на гости. 
Минус три беше вечерва во Алборг, толку беше и во Порто. Порто дојде со 32-29, поведе со 3-0, но им недостига дисциплина на Португалците на вакви натпревар. 
Разликата што севкупно беше 6, не ја одбранија. На крајот имаа напад за минус два, но го промашија голот и останаа без 1/4 финале.


Нант во следните елимнации 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk