Е. Пелистер лесно на крај со Т. Пролет

Е. ПЕЛИСТЕР - Т. ПРОЛЕТ  26-17 (12-6)
Пелистер: Хендави, Чаневски, Мараш 2, Ојлески 2, Маркоски, Маџовски 1, Кукуловски 2, Мандалиниќ 5, Кушан 5, Стјепановиќ, Радовиќ 2, Периќ 3, Костески 4, Кукоски, Велковски, Петровски

Пролет: Ангелов, Цветкоски 1, Кристо, Давитковски, Аларов 5, Пецаковски 2, Јовановски, Донев, Димов 1, Андоновски 4, Василевски, Потиќ 1, Палевски 2, Пејовиќ, Фичорски 1



Е. Пелистер запиша првенствена победа над Т. Пролет и полека се издвојува како единствениот кандидат за второто место во првенството. 
Од гостите се очекуваше посилен отпор, но лошо влегоа во мечот, беа во 1-5 негатива, потрошија повеќе сила отколку што сакаа за да намалат на три гола разлика, а потоа уште еден посилен бран на домашните па водство од 10-5 и 12-6 на полувреме. 

Тоа беше премногу за Т. Пролет кој во продолжението на мечот не успеа да се закани, туку постојано беше во се поголем минус за конечно да заврши со висок пораз. 
Можеше и подобро скопскиот тим да мине, но оста на без најдобриот стрелец Ласко Андонвоски, а веднаш потоа и без Дејан Пецаковски. 
Првиот доби директен црвен картон, а вториот мина и полошо, доби син картон поради реакција на претходната одлука на судиите.
Така оваа средба која немаше некој силен интензитет се претвори во нешто друго. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk