Драма во Охрид: Металург пак падна!

ОХРИД - МЕТАЛУРГ 27-26 (15-12)
Тот 6, Андоноски 5, Блажески 5 - Додиќ 6, Хорват 6, Поповиќ 6




Металург запиша втор пораз во Супер лигата и има само една победа по четири натпревари. Денеска Металург е поразен од Охрид со гол примен на неколку секунди до крајот. 
Претходно, Металург имаше напад за водство, но не се снајде. Играше лошо, беше пасивен во клучниот напад, а последниот шут на Серафимов заврши над голот. 

Потоа Охрид доби шанса, напаѓаше помирно, зоната на Металург не беше доволно подвижна и агресивна и прво дозволи шут од крило што Ѓоргески го одбрани, но отиде во аут топката. 
Потоа на пет секунди до крајот се обиде и Тот, не беше навреме блокиран и погоди за голема радост на охриѓани. 

Претходно, Охрид водеше во целото прво полувреме, имаше на моменти и четири гола плус (15-11), но во вториот дел Металург направи пресврт, а во последните 10 минути имаше и плус три (25-22). Но, Охрид со три гола по ред израмни на 25-25, потоа Металург одново поведе 26-25, но одново последните два гола завршија во мрежата на скопскиот тим. 

Охрид со оваа победа останува во трка за место во Европа, додека Металург сега се наоѓа на опашката на тимовите што ќе се борат за европска сцена. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk