Го игра ли кралот последниот меч во ЛШ?

Денеска во Келце се среќаваат Келце и Нант во реванш натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите. 



Нант го загуби првиот меч од 1/8 финалето на Лигата на шампионите на домашен терен од екипата на Келце. Поразот е минимален, реванш средбата во Полска е денеска од 20:45 часот. 
Полјаците се фаворити, а евентуалната елиминација на Нант ќе биде одбележана како последен натпревар на „кралот на стрелците“ Кирил Лазаров во Лигата на шампионите. 

Кирил Лазаров вечерва ќе го комплетира својот 250 настап во Лигата на шампионите со што ќе стане рекордер. Единствен кој може и веројатно и ќе го мине за сезона или две е Никола Карабатиќ кој во моментов има 19 натпревари помалку. 
Но, Карабатиќ, а и другите ракометни ѕвезди уште долго ќе гледаат нагоре кога ќе сакаат да го видат рекордот на постигнати голови во ЛШ што во моментов брои 1467 и денеска ќе биде зголемен. Рекорд сопственост на Кирил Лазаров. 

Дали ова ќе биде простувањето на Лазаров со ЛШ?
Очекуваме деновиве да биде официјализирано дека ќе го продолжи договорот со Нант за уште една сезона, но прашање е дали Нант следната сезона ќе игра во ЛШ? Во моментов се на третото место кое води во Европската лига. Монпеље е пред нив со 8 бода плус и два натпревари повеќе. 
Ако успее Нант да заврши како вице-првак зад неприкосновениот ПСЖ ќе гледаме уште од Лазаров во ЛШ и нови рекорди. 
Ако не - треба да се запамети денешниот меч. Можеби е последен за кралот Кирил Лазаров во ЛШ. 

Денеска играат:
18:45  Алборг - Порто (29-32)
18:45  Кил - ПИК Сегед (33-28)
20:45  Келце - Нант (25-24)
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk