Криза од Вардар до Триглав (2) - Хрватска

Што се случува со балканскиот ракомет? Моменталните позиции на клубовите и репрезентациите од државите од регионот никогаш не биле полоши.  Дали е причината слаба сезона или нешто друго, подлабоко и поопасно? Фактичката ситуација е следна, на мундијалот во Египет прв пат по 1997 година немаше балкански тим во Топ 8, на Олимписките игри во Токио прв пат по 1992 година нема да има машка репрезентација од овие простори. 
Во Лигата на шампионите ниту еден клуб нема да мине во 1/4 финалето со катастрофален скор на терен без меѓусебните дуели од три победи две нерешени средби и дури 31 пораз само во групната фаза на трите перјаници на Балканскиот ракомет, Вардар, ППД Загреб и Целје. Во Европската лига, ниту еден клуб не го мина 1/8 финалето.
Резултатите од 1/8 финалето, пак, во ЛШ, го зцрвенеа и небото над некогашната Југославија. Минус 14 на Вардар, минус 13 на Целје, а ППД Загреб подобро и што не играше со Флензбург... 
Со ваков ритам, за две сезони нема да има директно место во ЛШ за клубовите од Балканот...
Во наредните денови, пет еминентни новинари од Словенија до Македонија ќе ви ги пренесат своите погледи на кризата на ракометот во своите земји. 



НЕ СЕ СИТЕ ЗА ВО ЕВРОПА
Пишува Младен Милетиќ, новинар и колумнист на „Вечерњи Лист“

Надолната линија по која оди балканскиот клупски ракомет не само што не ги одмина хрватските претставници, туку може слободно да се каже, дека најубаво може да се види во огледалото на ППД Загреб, клуб со рекорден број на настапи во финалето на Лигата на прваците кога се овие простори во прашање. 
Да, парите се важен фактор, сосема сигурно и значајно влијаат на европскиот клупски поредок, но дури и како таков не е се. Затоа што ако беше, ПСЖ веќе ќе имаше неколку титули во Лигата на шампионите. А нема ниту една. 

Кризата е евидентна и широка, а за да се тргне по патот што води надвор од неа, прво треба да се соочиме со сите нејзини причини. 
За почеток, треба да се прифати фактот дека името на кој било клуб веќе само по себе не е мамка за млад играч, туку тоа е програмата што клубот ја нуди. На младиот играч веќе не му е потребен ниту Загреб, ниту Нексе за да се развие како играч или да замине во странство. 
Второ, постојаните кадровски скитања и наглите промени на концепцијата по првите неуспеси се сосема сигурен рецепт за да се остане на дното. 
Трето, лигата на бивша Југославија, спортски силна и воглавно финансиски стабилна имаше 14 клубови од кои главно четири одеа во евро-куповите. 
Денеска, ист простор, финансиски немоќен, дава 70-тина прволилгаши и 15-тина учесници во евро-куповите. Не се сите за во Европа. А посебно не се сите секоја година за во Европа.
Четврто, ние веќе немаме проблем (само) со богатиот запад, туку и со одличните проекти на истокот. Проекти какви што овде критично недостасуваат затоа што ги исцрпевме и последните резерври на стариот состав и систем, а со маркетот и пазарно живеење воглавно не се ни соочивме. Во превод, заглавени сме во калта и засега не гледам волја ни сила за решение не за кризата, туку агонијата. 

Домагој Дувњак ќе почне полека да се повлекува

Што се однесува до хрватската репрезентација, таа западна во извесна резултатска криза и ни претстојат години на предизвик затоа што Домагој Дувњак како носител на играта полека ќе се повлекува. 
Но, тука сум, сепак, поголем оптимист отколку во поглед на клупскиот ракомет, особено ако се претстане со политиката да скитаме и се губиме во поглед на кадарот од акција во акција. 
Репрезентацијата не ја прават 70 играчи, туку 15-20. Угледајте се на Французите...


 
Младен Милетиќ е долгогодишен спортски новинар со богато резиме, потписник на голем број текстови во „Спортске новости“, доскоро главен уредник на спортскиот неделник „Макс“, во моментов новинар и колумнист на Вечерњи Лист. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk