Лазаров пред нов потпис со Нант

Француската спортска библија „Л'Екип“ денеска објави обемен текст во кој главниот збор го имаат Кирил Лазаров и Нант. 



Кирил Лазаров најверојатно ќе потпише нов договор со Нант и кариерата нема да ја заврши во Ковид услови. Засега се уште нема официјална потврда од клубот или од Лазаров, но ова информација е најблиску до вистината и очекуваме наскоро официјализирање на новиот договор. 

Лазаров така ќе остане активен играч и следната година и ќе го видиме на терен на големо натпреварување најмалку уште еднаш - на ЕП 2020 на кое ќе учествува Македонија. Одново во улога на тренер-играч што засега добро му „лежи“, а за волја на вистината иако има полни 40 години, репрезентација на терен со и без него се две сосема различни приказни. 

Лазаров денеска ќе го одигра 250 натпревар во Лигата на шампионите и со тоа ќе го помине Арпад Штербик за еден натпревар и ќе постави нов рекорд на настапи во ова елитно натпреварување. 
Дали ќе биде ова и збогување на најдобриот стрелец и играчот со најмногу настапи од елитата?

Нант е во неповолна позиција, на гости во Келце треба да брка гол негатива. Во домашното првенство, пак, заостанува 8 бода зад второпласираниот Монпеље, но има и два меча помалку. Ако ги добие нив, ќе има четири бода заостанување на 11 кола до крајот. 
Можеби ќе успее да стигне до второ место и уште еден настап во Лига на шампиони, можеби ќе успеат во Келце, но можеби и денешната средба да биде и неговиот последен меч во ЛШ. 


Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk