Симовски одбра 35 ракометарки за дуел со Романија

Селекторот на женската репрезентација денеска го објави поширокиот список на играчи кои конкурираат за место во тимот за претстојните бараж дуели со Романија. 



Селекторот Симе Симовски селектираше 35 ракометарки од кои ќе биде составен тимот за квалификациските бараж дуели со Романија што се на програмата за нешто помалку од две недели. 
Симона Грозданоска е најпознатото ново име на списокот на селекторот, а по долго време одново слушаме и Габриела Величковска која игра во понизок ранг во Франција. 

Листата од 35 играчи не дава точна слика за тимот со кој Македонија ќе се обиде да ја спречи Романија и за прв пат во нивната историја да им скрати настап на СП. Скратениот список е тој што ќе го покаже вистинскиот костур и лик на женската репрезентација, а него го очекуваме во најскоро време. 


Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk