Новите Ковид мерки ги збунија клубовите

Од утре стапува на сила забрана за движење по 20 часот, а како дел од заострените мерки е и затворање на фитнес центрите. 



Како ќе изгледаат ракометните шампионати до 20 април, ќе се игра ли, кога ќе се игра, смее ли да се тренира... Ова се дел од прашањата на кои денеска речиси сите клубови почнаа да бараат одговори. 

Засега стои дека првенствата продолжуваат, но дали ќе биде изводливо во овие две недели да се одигра се тоа што е планирано да се одигра не може никој да одговори. 

На прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче беше објавено дека следните дв недели ќе бидат затворени фитнес центрите. Ова ќе има влијание врз тренажниот процес, но конкретно кај спортските колективи внесе забуна, затоа што не е целосно елаборирано што ќе смеат клубовите, а што нема да смеат.
Поместувањето на термините за екипите да можат навреме да е вратат назад е една од сигурните акции што ќе биде реализирана. 

Очекуваме наскоро повеќе деталли околу  новонастанатата ситуација. Прво треба да се процесира информацијата од денешната прес конференција, евентуално да се побара толкување, па да се презме соодветен чекор. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk