Романија ги отвори картите за баражот со Македонија

Адриан Василе, селекторот на Романија го објави списокот на играчи со кои нивната репрезентација ќе и се спротивстави на Македонија во баражот за СП. 



Романија со речиси најсилен состав и само две замени во однос на квалификациите за ОИ ќе и се спротивстави на Македонија во баражот за СП 2021. 
Лаура Попа и Ралука Бакаоану не се во овој тим, но во тимот се Кристина Неагу, Крина Пинтеа, Елиза Бучесчи, повратникот Јованеску и две ракометарки кои 2015 го освоија јуниорскиот мундијал во Македонија - Бјанка Базалиу и Кристина Ласло. Ако се сеќавате двете беа главните ѕвезди на Инстаграм кога беше откриена аферата, односно допинг скандалот во клубот со најнепопуларно име - Корона Брашов. 

Голмани: Дениса Деду (ЧСМ Букурешт), Јулија Думанска (Подравка), Даичана Хосу (Влчеа)
Леви крила: Кристина Флорика (Влчеа), Ана Марија Угану (Бузау)
Леви бекови: Кристина Неагу (ЧСМ Букурешт), Габриела Периану (ЧСМ Букурешт), Анка Полокошер (Баја Маре), Бјанка Тирон (Браила), Бјанка Базалиу (ЧСМ Букурешт)
Средни бекови: Кристина Ласло (Баја Маре), Елиза Бучесчи (Рапид), Андреа Попа (Баја Маре), Лаура Приставица (Бистрица)
Десни бекови: Дариа Букур (Влчеа)
Десни крила: Лаура Моиса (ЧСМ Букурешт), Сониа Серафичеану (Баја Маре)
Пикери: Крина Пинтеа (ЧСМ Букурешт), Александра Јованеску (Бузау), Лорена Остасе (Слатина)

Натпреварите Романија - Македонија ќе се играат на 19 април и една недела подоцна. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk