Гидсел потпиша нов договор

Фановите на ГОГ можат да здивнат затоа што ќе имаат конкурентен тим и во следните три години. 



Мундијалот во Египет беше вистинска отскочна штица за леворакиот дански талент Матијас Гидсел. Со само 22 години овој играч играше важна улога покрај Хансен и Менса Ларсен и успеа да го истисне од првиот тим далеку поикусниот Николај Орис, а Никлас Киркелоке допрва ќе треба да се докажува за да се врати во составот. 

Матијас Гидсел веднаш стана интересен играч и за други клубови, особено што и самиот изјавуваше дека би сакал да се проба во Германија, конкретно во Флензбург каде што има колеги репрезентативци и пријатели. 

Но, Флензбург и другите заинтересирани ќе мора да чекаат уште три години. Матијас Гидсел денеска го продолжи договорот со ГОГ Гудме до јуни 2024 година. 
Сега и фановите на ГОГ можат да здивнат затоа што ќе имаат конкурентен тим и во следните три години во кои се очекува комплетна доминација на Алборг кој веќе потпиша со Микел Хансен и уште неколку познати играчи. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk