Динар конечно најде клуб?

Поранешниот селектор на Франција и тренер во кој е многу вложено од страна на споменатата федерација наскоро треба да преземе клуб. 



Тунискиот весник Ал Шарук објави дека Дидие Динар ќе биде новиот тренер на екипата на Есперанца, најпознатиот клуб од Тунис.
Тој ќе го наследи Наџиб Бен Тахир кој по пет години минати во клубот неодамна доби отказ, откако неговиот тим ремизираше со аутсајдерот Есеф. 

Клубот уште веднаш објави дека следниот тренер ќе биде странец, а Шарук откри и кој е тој странец што треба да дојде. 
Динар долго време му асистираше на најуспешниот француски селектор, Клод Онеста, а кога конечно доби шанса сам да ја води Франција, доживеа фијаско и беше сменет. Оттогаш е без ангажман. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk