Ѓер и ЧСМ на чекор до Фајнал Фор во ЛШ

Романскиот ЧСМ Букурешт и унгарскиот тим Ѓер се двата тима што практично обезбедија пласман на „Ф4“ во Будимпешта веќе во првите одиграни натпревари од 1/4 финалето на ЛШ. 



Првиот голем неуспех на Бојана Поповиќ како тренер е мечот, односно двобојот со Ѓер. Првиот меч се играше во Подгорица, а победи Ѓер со 30-19. Унгарките по овој меч кој е 53-ти во низа без пораз, можат да се подготвуваат за настап на „Ф4“ во својата земја и за нова одбрана на титулата.

ЧСМ Букурешт, пак, им сервираше изненадување на Русинките од Москва за кои игра и македонската репрезентативка Сара Ристовска. 
Со игра во која Кристина Неагу не беше главна улога и постигна само еден гол во првото полувреме, Романките водеа со 20-12 на полувреме. Конечниот резултат е 32-27, а Сара Ристовска беше една од најдобрите во рускиот тим со 5 постигнати гола. 
Ова е прво приземјување и за Олга Акопјан (порано Левина) која е новиот тренер на ЦСКА. 

Списокот на патницни за Будимпешта ќе биде познат откако ќе се одиграат и дуелите Ростов - Вајперс Кристијансанд и француското дерби Мец - Брест Бретањ. 


Foto: Dejan Starčević/ŽRK Budućnost

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk