Мотор Запорожје, денеска го совлада Нексе и со скор од четири победи и два пораза, ќе го освои првото место во финалното пресметување.
Нексе беше подобар противник во првиот дел од средбата во Запорожје, но на почетокот на второто полувреме домашната екипа израмни, а потоа прикажа и повеќе од Хрватите и на крајот запиша победа 36-30 со која го освои првото место во групата.
Нексе во моментов е на второто место, со девет бода колку што има и Вардар и подобар меѓусебен скор. Но, Вардар има и меч помалку, со Војводина. И тука доаѓа оној неблагодарен момент. Ако Вардар ја победи Војводина или освои бод, ќе биде на второто место и тоа за противник му го носи Веспрем.
Ако Вардар загуби од Војводина, тогаш ќе игра и во 1/8 финалето, веројатно против Татран Прешов, а потоа со лидерот од групата, а тоа ќе бидат или ППД Загреб или Е. Пелистер.