Охрид и Бутел во битка за Ф4

Екипите на Охрид и Бутел ќе играат во финалето на групата за пласман на Ф4 од Куп на Македонија. 



Езерското дерби во полуфиналето на групата од Куп на Македонија го доби тимот на Охрид. Возбудливо како и секогаш, но резултатски цел меч во полза на охриѓани, конечно натпреварот заврши со победа од 22-17 (11-7). 

Во финалето на турнирот Охрид ќе игра против тимот на Бутел Скопје. Тие денеска откако во првиот дел видоа мака и имаа 14-14, во вториот дел го скршија отпорот на Јуниор Кисела Вода и запишаа победа од 32-26. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk