Кил го совлада ПИК Сегед на гостински терен 33-28 на првиот меч од елиминациите во Лигата на шампионите.
Кил покажа игра достојна на европски шампион и полесно од очекувањата го совлада ПИК Сегед 33-28 као гостин на првиот меч.
Бек Пекелер и Квинштет, но со Ландин кој по две недели пауза имаше врвна партија (17 одб), Кил везеше во арената во Сегед и на моменти имаше и девет гола позитива.
ПИК Сегед успеа да се врати во игра и да избегне комплетно фијаско, иако и со овој минус може да размислува за тажна разделба со Лигата на шампионите.