Металург го совлада по втор пат за една недела тимот на Е. Пелистер 2. Но, по првенствената доминација и победа од 13 гола разлика, денеска во Битола се играше многу порамноправен меч.
Домашниот тим дури и имаше резултатска контрола во поголемиот дел од средбата. Водеа во текот на целото прво полувреме домашните, 7-5, 10-7, 11-10, а на полувреме беше 15-12.
Поведоа и со 16-12 домашните, го одржуваа водството до резултат 20-17, а потоа со серија 4-0 Металург премина во водство 21-20, нешто подоцна скопскиот тим зголеми и на плус пет (28-23) за конечно семафорот да престане да одбројува при резултат 26-29.
Павле Петровиќ со 8 и Никола Стоилевски со 5 гола беа најефикасни кај домашните, додека Златко Хорват со 8, а Милан Поповиќ со 5 во екипата на Металург.
Работнички ќе го предизвика Металург во финалето на групата. Денска овој скопски тим славеше победа над Голден Арт КЛ7.
Работнички наајголемиот дел од работата го заврши во првото полувреме во кое дојде до водство од 16-10. Потоа успеваше да го одржи водството и покрај жилавиот отпор на противникот кој успеа во финишот да намали на 31-32, но во последниот напад што се играше 4 на 4, на десетина секунди до крајот, пикерот на Работнички во еден момент остана сам, прими топка и погоди за конечни 33-31.