Полската ракометна федерација му изрече суспензија од шест натпревари на Талант Душебаев поради скандалозното однесување на Куп натпреварот со Висла.
Талант доби црвен картон, но продолжи да се бунтува од празната трибина, а патем го навредувал и тренерот на Висла, Хавер Сабате за што овој клуб се жалеше.
Рускиот голман Олег Грамс го раскина договорот со францускиот тим Данкерк. Од лични причини Русинот решил да заврши со играњето во оваа екипа по итна постапка.
Рудолф Фалувеги, унгарскиот плејмејкер и соиграч на Жарко Пешевски во Штутгарт, ја заврши сезоната поради повреда. Лигаментите се кобни за унгарскиот бек.
По речиси цела година најави дека си заминува, Клеопатра Дарло, во моментов заедно со Лејно најпознатите француски голмани, потпиша нов договор со Брест.
Брест најверојатно ќе биде шампион на Франција, а Дарло е заштитен знак на францускиот ракомет, па се „најдоа“ во преговорите и амбициите.
Уште една година на голот на Брест - Клео Дарло
Динамо Букурешт, по потписот на Седрик Сориндо, доведе уште едно познато име. Камел Алуини, репрезентативецот на Тунис се враќа во романската претсолнина.
Покрај новиот договор со Лук Стајнс, ПСЖ го продолжи договорот и со крилота Адама Кеита.